САМАРАС: ГО ДОСТИГНАВМЕ ДНОТО, СЕГА СЕ ДВИЖИМЕ НАГОРЕ

3 April, 2014 - 11:30

Грција го остави зад себе најлошото, изјави грчкиот премиер Андонис Самарас во интервју за агенцијата Ројтерс и додаде дека неговата Влада ја разгледува можноста во следните три месеци да емитува државни обврзници, јави БТА. 

- Грција се врати, нагласи Самарас и истакна дека пред две години неговата земја била во центарот на економската нестабилност на регионот.

- Бевме една нестабилна земја во еден стабилен регион, сега ситуацијата е сосема различна - Грција се стабилизираше како политички, така и економски, а нестабилоста околу неа се зголемува, изјави грчкиот премиер. 

Самарас се осврна и на враќањето на Грција на пазарите, нагласувајќи дека напредокот ќе зависи и од условите на пазарите.

- Не ја исклучуваме веројатноста да излеземе на пазарите многу порано, можеби во првата половина на 2014 година, додаде тој. 

- Стигнавме до дното и сега се движиме нагоре, што е само почеток. Најважни зборови сега се стабилност и раст, не треба да се испушта таа насока, напред и до крај, нема да се движиме цик-цак, нагласи грчкиот преиер.

Веста е прочитана 153 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.