„ЛАЈН“ НОВА СОЦИЈАЛНА МРЕЖА ШТО СЕ ПРОБИВА НИЗ СВЕТОТ

4 April, 2014 - 12:01

Јапонската социјална мрежа „Лајн“, која е еквивалент на мрежите како Скајп, Твитер, Фејсбук и Инстаграм соопшти дека до 1 април регистрирала околу 400 милиони корисници низ целиот свет.

Во Јапонија сите ученици и студенти ја користат мрежата „Лајн“ преку смартфони и таблет уреди. Нивните родители, исто така, се повеќе се принудени и самите да се регистрираат на мрежата.

Социјалната мрежа е старувана во јуни 2011 година во Јапонија и брзо се шири низ Азија. Сега полека ги освојува Европа и САД.

Бројот на корисници надминува 10 милиони во 10 различни држави. Кон крајот на ноември минатата година е регистриран 300-милионитиот корисник, а за само четири месеци тој број е зголемен за 100 милиони.

Социјалната мрежа овозможува бесплатна телефонска комуникација, размена на пораки и информации.

Компанијата „Лајн“ е јапонска филијала на јужнокорејската компанија „НХН“.

Веста е прочитана 217 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.