ОБВИНИТЕЛОТ НЕ ОТВОРА ИСТРАГА ЗА „АКТОР“! ИМА ЛИ СОМНЕЖИ?

4 April, 2014 - 15:10

Јавното обвинителство нема да отвори истрага за случајот „Актор“ бидејќи нема сомнежи за сторено кривично дело. Според јавниот обвинител Марко Зврлевски, преткривичната постапка ке продолжи со истражни дејства од страна на надлежните институции за проверка на наведените околности, а сметките на фирмите од случајот „Актор“ кои го градат автопатот Демир Капија – Смоквица, вели тој, треба да бидат одмрзнати:

-Во моментов степенот на сомнеж е на најниско ниво, но не е на степен на основано соменение „сторено кривично дело од одредени лица што е услов за донесување наредба за истрага“. Тоа не значи дека постапката е запрена. Обвинителството смета дека сметките на формата „Актор“ не треба да бидат блокирани поради нискиот степен на основаност на сомнението но, и заради дополнителната моност да се зголеми штетата.

Ваквиот став на Обвинителството за случај како „Актор“ според поранешниот разузнавач и професор по безбедност Владимир Пивоваров, само ги подгрева сомневањата и шпекулкациите, заради предизборниот период но, и заради времето кое им е потребно на институциите да истражат работи кои се толку едноставни.

-Не може да се калкулира,низок, висок степен. Дали постои сомнеж или не? Дали има материјални докази, а ги има дека е сторено кривично дело или не? Ако не, нека кажат дека работат согласно законите и нема да се прави фама, најлесно нешто во државата во откривањето криични дела е да кажат - истрагата е во тек. Секој таков одговор и долгиот период значи дека нешто се крие, односно дека е сторено кривично дело, вели Пивоваров.

Чекањето за да подзаборави јавноста е најстрашен момент за едно општество, додава Пиповаров, вели, се губи довербата во институциите, а во такво општество нема демократија.Така заврши случајот со 750 000 евра во шише, или политизирањето при постапувањето во случајот Шиповик. Затоа, суштината на целата истрага треба да се базира на исплакањето пари во кеш.

-Која е основата тие да ги подгинат парите, вработени се во „Актор“ или не? Ако се вработени, дали се платени придонеси за тие пари, ако не се укажува дека се работи за перење пари. Главниот финансер Атина Зоглу еден месец не е тука. Ако имате сомнително лице и со низок степен на веројатност, како може институциите да дозволат таа да ја напушти Македонија, прашува Пивоваров.

Во недостиг на релевантни и точни информации, сомнежите и шпекулациите околу тоа каде се парите подигнати во кеш од страна на грчки и македонски државјани стигнаа и до ЕУ која се заинтересира за случајот, а ЕИБ која е еден од финансиерите на проектот, најави дека ке се вклучи во истрагата. Сметките на „Актор“ беа блокирани минатиот месец откако Јавното обвинителство постапи по предмет добиен од Агенцијата за спречување перење пари, а СДСМ со документи тврдеше дека 95 лица од банка во Неготино извлекле околу 3 милиони евра во кеш.

Веста е прочитана 80 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.