Драма во Куманово - Владата приведува и одзима избирачки

10 April, 2013 - 08:13

Станува збор за атак на партиско - полициската држава со цел да се одземе чистата победа на актуалниот градоначалник Зоран Дамјановски, рече Спасовски.

Тој нагласи дека сето ова се случува затоа што неофицијално министерката Гордана Јанкуловска била шеф на изборниот штаб на кандидатот од ВМРО-ДПНЕ Зоран Ѓоргиевски, кој загуби. Се работи за сценарио, бидејќи записниците од изборите беа потпишани од сите членови на избирачките одбори и од Комисијата. 

Спасовски ги повика кумановци и членовите на ВМРО-ДПМНЕ да не подлегнуваат на вакви сценарија за да се одземе победата на Дамјановски и и` порача на власта дека кумановци нема да дозволат „тренирање на строгост“, зашто на изборите јасно и кажаа на власта дека нема доволно доверба.

По овие настани за вечерва беше закажана седница на ДИК, но таа е сепак одложена и презакажана за утре наутро.

 

Веста е прочитана 255 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.