ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН ЌЕ СТАРТУВА ОД ПОЛПОЗИЦИЈАТА НА ТРКАТА ЗА ГН НА ШПАНИЈА

13 May, 2017 - 21:10

Британецот Луис Хамилтон ќе стартува од полпозицијата на утрешната петта трка во Формула 1 шампионатот која ќе се вози за Големата награда на Шпанија.

Возачот на Мерцедес денеска оствари најдобро време во квалификациите возени на патеката Каталуња крај Барселона. Веднаш до Хамилтон, кој го оствари 64 пол во кариерата, од првиот ред ќе стартува Германецот Себастијан Фетел на „Ферари“.

И во вториот стартен ред Мерцедес ќе биде пред Ферари, и тоа двајцата Финци, Валтери Ботас пред Кими Раиконен.

Возачите на Ред Бул, Макс Верштапен и Даниел Рикјардо, шпанското Гран при ќе го започнат од третиот ред.

Пред утрешната трка во Генералниот пласман Себастијан Фетел е лидер со 86 бодови, пред Луис Хамилтон со 73, а по нив следуваат Валтери Ботас со 63, Кими Раиконен со 49.

Веста е прочитана 856 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.