„ЗЕЛЕНИОТ БРАН“ ВО СКОПЈЕ СЕ ПРЕТВОРИ ВО „ЦРВЕН“

4 April, 2014 - 16:16

Ако тргнете од Ѓорче Петров кон Центарот на градот по булеварот „Партизански одреди“ или пак, од Центар кон Карпош, по булеварот „Илинден“ наместо зелен бран ќе чекате речиси на сите крстосници. Граѓаните се нервозни затоа што не функционира  „зелениот бран“ и што не можат со одредена брзина да ги минуваат саканите дестинации, што беше случај до минатата година. Губиме и време и пари, а ова почна да наликува на „црвен бран“ велат возачите.

 

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски вели дека има пореметување и „зелениот бран“ не функционира, но според него само во одредени делови. Уверува дека ситуацијата набрзо ќе биде надмината.

 

Мерачите на време кои беа поставени на семафорите и покажуваа колку треба да се чека, нема да се вратат  ,бидејќи тоа не го дозволува новиот систем  што треба да го обезбеди Центарот за управување и  контрола на сообраќајот. Иако центарот досега требаше да профункционира, Трајановски вели дека се уште се прибираат податоците за проточноста на сообраќајот и на пешаци и не се знае кога точно ќе започне со работа.

 

Инаку преку тој центар ќе се контролираат најфреквентните 90 сообраќајници во градот и  треба да се обезбеди побрзо движење на возилата

Веста е прочитана 133 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.