ФОРМУЛА

МИХАЕЛ ШУМАХЕР СЕ БУДИ?

4 April, 2014 - 16:21

Поранешниот возач на формула 1 и седумкратен шампион Германецот Михаел Шумахер, на моменти е свесен и буден информираше неговата менаџерка Сабине Кем. Шумахер од 29.декември лани е во кома во болница во Гренобл. Процесот на негово будење е почнат од крајот на јануари.

Според најновите информации од пријател близок на семејството, Шумахер најверојатно ќе биде префрлен во клиника за рехабилитација, а не на домашно лекување.

Шумахер повредите на главата ги доби за време на скијање

Веста е прочитана 122 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.