ПРВА ЛИГА

КОЖУВ ЈА ПРЕЧЕКУВА ЛИРИЈА

4 April, 2014 - 16:26

Со натпреварот меѓу Кожув и Лирија што се игра попладнево (почеток 17:30 часот) во Гевгелија ќе стартуваат натпреварите од второто коло од кошаркарската Супер лига.

Другите два натпревара од оваа рунда се играат утре, а двојките се: Работнички - Струмица и Куманово - МЗТ Скопје Аеродром.

По една победа во стартното коло постигнаа Лирија, Кожув и МЗТ Скопје Аеродром.

За денеска е закажан и еден натпревар од плеј- аут лигата. Во Скопје (сала СРЦ Кале) играат Вардар Апаве и Фени Индустри, додека вториот дуел од оваа лига се игра во понеделник меѓу Пелистер Спорт и Карпош Соколи.

На чело на табелата е Фени Индустри со 24 бодови, пред Карпош Соколи со 22, Вардар Апаве има 21, а Пелистер Спорт 18. Екипите во оваа лига ги пренесоа бодовите од првиот дел од првенството.

Веста е прочитана 112 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.