НБА ЛИГА

ОКЛАХОМА КОНЕЧНО ПОБЕДИ

4 April, 2014 - 16:31

Во дербито на „Запад“ во НБА лигата ноќеска Оклахома Сити го совлада Сан Антонио со 106:94 и со тоа на прекина серијата од 19 победи во серија на најдобриот тим во лигата.

Најефикасен на натпреварот беше Кевин Дјурант со 28 поени, а Расел Вестбрук постигна 27 поени (двајцата од Оклахома Сити). Гостите од Сан Антонио имаа вкупно 19 грешки на натпреварот што беше една од причините за поразот.

На вториот натпревар одигра ноќеска Далас славеше победа на гостувањето кај ЛА Клиперс со 113:107, а најпрецизен беше Дирк Новицки со 26 поени.

Вечерва се играат дури 14 натпревари, а двојките се: Мемфис - Денвер, Шарлот - Орландо, Торонто - Индијана, Атланта - Кливленд, Бостон - Филаделфија, Бруклин - Детроит, Мајами - Минесота, Њујорк - Вашингтон, Чикаго - Милвоки, Јута - Њу Орлеанс, Хјустон - Оклахома Сити, Портланд - Феникс, Голден Стејт - Сакраменто и ЛА Лејкерс - Далас.

Пласман Источна конференција: Мајами 52-22 (победи-порази), Индијана 53-23, Торонто 43-32, Чикаго 43-32, Бруклин 40-34, Вашингтон 39-36, Шарлот 37-38, Њујорк 33-43, Атланта 32-42,...

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 59-17, Оклахома Сити 55-19, ЛА Клиперс 54-23, Хјустон 49-25, Портланд 49-27, Голден Стејт 46-29, Далас 45-31, Мемфис 44-31, Феникс 44-31,.

Веста е прочитана 141 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.