„ГАЗПРОМ“ ГО ЗГОЛЕМИ ИЗВОЗОТ ВО ЕВРОПА

4 April, 2014 - 16:40

Во првиот квартал од оваа година рускиот гигант „Газпром“ го зголемил извозот на гас за ЕУ и Турција за 2,4 отсто на годишно ниво на 43 милијарди метри кубни, соопшти компанијата. 

Најголем пораст од над 30 проценти бележи извозот во Велика Британија, кој надмина 4,4 милијарди метри кубни гас.

Најголемиот потрошувач на руски гас, Германија, го зголемила својот увоз за 15 проценти на 10,4 милијарди метри кубни.

Минатата година извозот на руски гас за Европа достигна рекордни 162 метри кубни. 

Веста е прочитана 169 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.