НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ВИКЕНД

4 April, 2014 - 16:43

 За време на викендот под влијание на циклонска активност од Медитеранот во земјава ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд.

Утре попладне, во ноќните часови, како и в недела во текот на денот врнежите на места ќе бидат пообилни, над 25 литри на метар квадратен. Ќе има и појава на нестабилност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е изолирана појава на град. 

Веста е прочитана 63 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.