ЕВРОЛИГА

ФЕНЕРБАХЧЕ БЕЗ ЧЕТВРТФИНАЛЕ

4 April, 2014 - 16:48

Екипата на Фенербахче во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб не успеа да избори пласман во четвртфиналето на Евролигата. На синоќа одиграниот натпревар од 13.коло турскиот тим загуби на гостувањето кај Лаборал во Шпанија и со тоа ги загуби шансите за завршницата. Мекејлеб беше најефикасен на натпреварот со 19 поени.

Пласман во четвртфиналето имаат обезбедено: Барселона, Емпорио Армани, Панатинаикос, Олимпијакос (Е група), ЦСКА Москва, Реал Мадрид и Макаби (Ф група), а слободно е уште едно место во групата Ф.

Резултати и двојки од 13.коло:
Е група: Емпорио Армани - Барселона 91:63, Панатинаикос - Малага 69:60, Лаборал - Фенербахче 95:73, Анадолу Ефес - Олимпијакос (играат вечерва).

Табела Е група: Барселона 12-1 (победи-порази), Емпорио Армани 10-3, Панатинаикос 7-6, Олимпијакос 6-6, Уникаха Малага 5-8, Фенербахче 5-8, Лаборал 4-9, Анадолу Ефес 2-10.

Ф група: Баерн - Макаби 92:94, ЦСКА Москва - Галатасарај, Реал Мадрид - Локомотив Кубан и Партизан - Жалгирис (играат вечерва).

Табела Ф група: ЦСКА Москва 10-2, Реал Мадрид 10-2, Макаби 8-5, Локомотив Кубан 6-6, Галатасарај 6-6, Баерн 5-8, Партизан 3-9, Жалгирис 1-11. 

Веста е прочитана 121 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.