ТЕКСТИЛНИОТ КЛАСТЕР БАРА ПРЕГОВОРИ СО ВЛАДАТА

4 April, 2014 - 19:03

Враќањето на угледот на Текстилниот кластер е еден од приоритетите на асоцијацијата за наредните години, со цел дражвните институции да  им ги слушнат барањата за решавање на наталожените проблеми во оваа индустрија, најави  претседателката на Текстилниот кластер Маријана Перковска.

Текстилните компании ќе бараат преговори со синдикатот и со владата бројот на работни часови да не се пресметува на неделно, туку на годишно ниво, бидејќи се повеќе имаат помали и брзи налози, а оваа индустрија своето производство веќе не може да го планира ниту за три или четири месеци.  

 

Во текстилната индустрија  главен проблем  е недостигот на млади работници, а во моментов возраста на текстилните работнички кои работата на машина е 42 години.

Работодавaчите велат дека во Пелагонискиот регион неколку компании кои вработувале од 50 до 100 вработени веќе се затворени, токму поради недостигот на работната сила, а македонските компнаии не можат да им бидат конкуретни на бугарските или романските бидејќи државата  таму им помога да се модернизираат.

 

 

Перковска вели дека минималната плата, која од април треба да ја исплаќаат на работниците како договор ќе го почитуваат,но иако номинална вредност е ниска, на сопствениците нема да им дозволи да изводојуваат доволно  средства за наградување на добрите работници. Сметаат дека имаат право да преговараат и власта да им ги слушне барањата, бидејќи вработуваат околу 40 000 луѓе, а на државата и обезбедуваат околу 100 милиони евра приходи од даноци. 

Веста е прочитана 138 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.