МЛАДИНЦИТЕ ТРГНАА СО ТРИУМФ

4 April, 2014 - 21:17

Младинската ракометна репрезентација на Македонија постигна победа на стартот од квалификациската група за Европското првенство што ќе се одржи годинава во Австрија. Во салата во „СРЦ Кале“ во Скопје, Македонија ја победи Италија со 24:22 (14:13).

Првиот дел мина во изедначена игра на двете репрезентации, а ниту една немаше поголемо водство од еден гол разлика. На почетокот на второто полувреме избраниците на македонскиот селектор Зоран Петковски заиграа едно ниво повисоко и за 10-тина минути направија предност од пет разлика (20:15). Во овој дел од играта нашиот голман Филип Ивановски имаше серија од неколку одлични одбрани (вкупно на натпреварот 10). Највисокото водство Македонија го имаше во 43.минута – 22:15. Во финишот на натпреварот гостите го ублажија поразот.

Најефикасен на дуелот беше Филип Талески со 9 голови, Мартин Манасков постигна 8, додека кај Италија Карло Сперти даде 8 голови.
На вториот натпревар од 1.коло Грција напрваи изненадување со победата над Исланд со 20:19. Утре во рамки на второто коло од 19 часот играат Македонија и Грција, додека од 16 часот на програма е натпреварот Исланд – Италија. 

Влезот за двата натпревара во „СРЦ Кале“ е слободен.

Веста е прочитана 107 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.