ЧУПКОВИЌ ОБЕЗБЕДИ ТРИУМФ

4 April, 2014 - 21:44

Со тројката на Славен Чупковиќ со звукот на сирената му обезбеди втор триумф на Кожув овојпат на домашен терен против Лирија со 94:93 (26:19; 14:27; 25:19, 16:16, 13:12),  на отворањето од второто коло во кошаркарската Супер лига. 

Почетокот на натпреварот мина во знак на домашната екипа, кои имаа предност, а кон средината на вториот период и од 40:34. Лирија направи серија од 12:0 до крајот на првиот дел за водство од 46:40. Потоа гостите имаа и тројка за најголемата серија од 15:0. Лирија во еден момент имаше и 11 поени предност (59:48). Гевгеличани направија серија од 11:0 и се изборија за нерешен резултат на крајот од третиот период (65:65). Во последнта четвртина беше нерешено, а резултат по 40 минути - 81:81.

Продолжението домашниоте го почна со 4:0, но Лирија врати со серија од 9 поени. Во последната минута Чупковиќ постигна две тројки што беше решавачко за победата на Гевгеличани.
Најефикасен на натпреварот беше Чупковиќ со 30 поени (осум тројки), кај Лирија Бојан Трјковски постигна 24 поени.
Утре се играат другите два натпревара од второто коло: Куманово – МЗТ Скопје Аеродром и Работнички – Струмица.

Веста е прочитана 112 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.