РАКОМЕТ

МЛАДИНЦИТЕ ПРОТИВ ГРЦИЈА

5 April, 2014 - 11:04

Македонската младинска ракометна репрезентација по вчерашната победа над Италија вечерва против Грција ќе се обиде да ја оствари и втората победа во квалификациите за пласман на Европското првенство во Австрија.

Двете репрезентации во натпреварот од 2. коло ќе влезат со триумф од првото коло со што победникот од овој дуел може да биде и победник на квалификациската група. Само првопласираната репрезентација ќе избори пласман на Европското првенство за младинци (до 20 години).

Македонија вчера ја совлада Италија со 24:22, додека Грција направи изненадување со победата над Исланд со 20:19.

Во првиот натпревар од 2. коло од 16 часот играат Исланд и Италија, додека дуелот Македонија - Грција почнува во 19 часот.

Натпреварите се играат во СРЦ „Кале“ во Скопје, а влезот во салата е слободен.

Веста е прочитана 127 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.