ЕКОЛОГИСТИТЕ ЗДРУЖЕНО ЌЕ БАРААТ МЕРКИ ОД ПОЛИТИЧАРИТЕ

5 April, 2014 - 16:44

Дваесет и три еколошки организации од земјава со здружени сили ќе се обидат да ги убедат политичарите да решат десет најгорливи прашања поврзани со екологијата во земјава. Создадоа коалиција „Зелена Македонија“ која ги лоцира најпроблематичните еколошки точки и нудат нивно решение. Ќе ги достават до сите политички партии од кои очекуваат да ги реализираат после изборите.

 

Како еден од најгорливите и најактуелен проблем еклогистите го истакнаа случајот  со националниот парк Маврово и реката Радика и бараат јасни и конкретни одговори од политичарите за планот за изградба на хидроцентралите.

 

Според екологистите идната власт мора итно најде решение за големите загадувања во повеќе градови, бидејќи не смее да се повтори зимското труење на  скопјани или пак, да прекине секојдневното на кавадарчани.

 

Проблемот со неспроведувањето на законот со справување со отпад го имаат тетовци кои исто така очекуваат Шар Планина да биде прогласена за национален парк.

 

Освен ова, приоритетно е политичарите да се справат со дивата шумска сеча, да работат за намалување на загадувањето на Вардар, во Велес да се реши проблемот со отпадот од топилницата и да се исчисти почвата, а велат, исто така мора да се промени законот со што ќе се забрани големи индустрии да работата во радиус од 5 километри до населените места. 

Веста е прочитана 81 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.