ДВЕ ЛИЦА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ПО СУДАР СО ЦИСТЕРНА

5 April, 2014 - 17:32

До несреќата дошло кога автомобил „ситроен“ со скопски регистерски таблички удрил во цистерна со битолски таблички која превезувала млеко. Со тешки повреди се здобија 34 - годишниот возач на ситроенот Х.Ф. и неговата сопатничка, 31 - годишната Н.М, кои со возило на брза помош се пренесени во велешката општа болница. Поради тежината на повредите и скршениците се упатени во Скопје. Незгодата се случила кога  автомобилот сакал да се приклучи на магистралниот пат Велес - Штип откај приодот од автопатот Скопје - Гевгелија, додека цистерната возела кон Велес.

 

Веста е прочитана 97 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.