ПЕТ ГОДИНИ ЖИВОТ СО ИНВАЛИДИТЕТ, ВО СИРОМАШТИЈА И БЕЗ СТРУЈА

5 April, 2014 - 18:15

 

Двочленото прилепско семејство Николоски живее 5 години без струја.Повозрасниот брат, 64 годишниот Орде е инвалид, без две нозе веќе трета година. Тој има само 15 години работен стаж, а полни 22 е без работа. Помладиот брат Благоја вели некако се снаоѓа приватно, оди аргатува, по нивите со тутун, кога ќе почне сезоната. Но, најтешка им е зимата, кога освен што живеат во мрак, не ретко гладуваат. За Орде најголема мака е што во ноќите, кога ќе почувствува дека му се покачува нивото на шекерот во крвта, не може да ги погледне ни вредностите на мерачот, што му го дале, па од стрес стравот за здравјето и

животот, уште повеќе го измачува.

 

„Еднократна помош му барав, со отпусната листа ме одбија во социјални грижи, барав за изгубен дел за првава нога, ме одбија,за што побарав ме одбија, само нега што земаме 3840 денари, а откако излезе негата , ми ја скинаа социјалната помош“, вели Орде Николоски.

 

И братот Благоја е разочаран зашто не може да му помогне на својот брат,бидејќи вели Орде е заробен секој ден во својот кревет, без струја нема никаква разонода, живее сам затворен во четири ѕида, заробен во сиромаштијата и осаменоста.Долго се обидувал, но не може да заработи, да го плати долгот за струја, којшто изнесува 41.000 денари, со што најмногу ќе

му го олесни животот на братот.

 

„Не го плаќаме, бидејќи немаме пари, тешко како се живее тешко,ни јас не можам да му помогнам, за мене пак ќе излезам, некаде на приватно, на работа, ваму-таму, ама тој е стално дома, јас ќе излезам и навечер, не сум тука, ќе прошетам, тој не може да прошета и затоа му е тешко“, вели Благоја.

Овие луѓе се немоќни да ги решат своите егзистенцијални проблеми, затоа бараат помош, колку од државата, толку од хуманите луѓе, како што велат барем да ги намират долговите за струја, а натаму ќе се снаоѓаат како и досега, бидејќи имаат скромни барања и потреби.

                                                                                                   Моника Талеска

Веста е прочитана 120 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.