РАКОМЕТ

МЛАДИНЦИТЕ ИЗВОЈУВАА УБЕДЛИВА ПОБЕДА НАД ГРЦИЈА

5 April, 2014 - 20:17

Убедлива победа од 30:22 постигна младинската ракометна репрезентација на Македонија  за играчи до 20 години, над Грција, во натпреварот од 2.коло од квалификационата група 7 за Европското првенство што ќе се одржи во Австрија.

Во СРЦ „Кале“ во Скопје пред полните трибини избраниците на селекторот Зоран Петковски ја постигнаа втората победа и ги зголемија шансите за пласман на Европското првенство.

Во дуелот со денешниот ривал Македонија добро го почна натпреварот и во финишот на првиот дел нашата репрезентација водеше со 16:7, но му дозволи на противникот со серија од 4:0 да намали на 16:11 што беше резултат на првото полувреме.

Вториот дел Македонија го продолжи како што играше во најголемиот дел од првото полувреме и во 38.минута веќе имаше 10 голови предност (22:12).

Најефикасни во нашата репрезентација беа Филип Талевски со 7 голови и Мартин  Манасков со 5. Голманот Филип Ивановски имаше 13 одбрани.

На првиот натпревар одигра денеска Исланд ја победи Италија со 31:21.

Македонија е прва на табелата со 4 бодови, по два имаат Исланд и Грција, а Италија е без победа.

Утре во рамките на 3.коло Македонија игра против Исланд, а почетокот на натпреварот е во 19 часот.Првопласирана екипа ќе обезбеди место на ЕП-во.

Веста е прочитана 101 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.