ФОРМУЛА 1

ЕДЕН ДВА ЗА МЕРЦЕДЕС ,ПОЛ ПОЗИЦИЈА ЗА НИКО РОЗБЕРГ

5 April, 2014 - 20:47

Возачот на Мерцедес Нико Розберг имаше најдобро време на денешните квалификации што се возеа на патеката Шахир за Големата награда на Бахреин.

Во првиот ред од местото број два ќе стартува неговиот клупски колега Луис Хамилтон. Трет резултат на квалификациите оствари Даниел Рикиардо од Ред Бул, но поради казната од претходната трка (ГН Малезија) ќе стартува од 13.место. Неговото место ќе го заземе Валтери Ботас од Вилијамс.

Актуелниот шампион и возач на Ред Бул, Себастијан Фетел имаше слаб настап во квалификациите и не беше дел од последното возење. Фетел оствари 11. време, а пред него ќе биде возачот на Ферари Фернандо Алонсо.

Големата награда на Бахреин е трета трка сезонава, а на првите две победија возачите на Мерцедес, Розберг (Австралија) и Хамилтон (Малезија).

Веста е прочитана 140 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.