ПАДНА ДРВО ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР - ДВЕ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ

5 April, 2014 - 21:46

Во кругот на Клиничкиот центар во Скопје се случи незгода - од силниот ветер проследен со дожд се откорна дрво и се сршија гранки. Според првичните информации, полсесно се повредени две лица.Несреќата се случила пред хируршките клиники, во близината на главниот влез во кругот на клиниките. 

Инаку, попладнево и вечерва во некои делови од земјата и во Скопје како да се сменија сите годишни времиња - дуваше ветер и врнеше силен дожд, наместа со грмотевици, а на места заврна и град.

Веста е прочитана 112 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.