СЕРИЈА А

ИНТЕР ПОВТОРНО РАЗОЧАРА

6 April, 2014 - 09:21

Фудбалерите на Интер четири натпревари не знаат за победа во италијанското првенство. Синоќа со Болоња одиграа 2:2 на домашен терен, иако во два наврати имаа водство.

Двата гола за Интер ги постигна Мауро Икарди во 6 и 63.минута, додека головите за Болоња ги постигнаа: Микеле Пациенца во 35.минута и Панајотис Коне во 73.минута. Интер во 85.минута преку Диего Милито не искористи пенал.

На вториот натпревар одигра вчера Киево - Верона 0:1.

Денеска се играат натпреварите: Лацио - Сампдорија, Аталанта - Сасуоло, Каљари - Рома, Катанија - Торино, Фиорентина - Удинезе и Парма - Наполи.

Утре на програмата се дуелите: Јувентус - Ливорно и Џенова - Милан.

Табела: Јувентус 81 бодови, Рома 73, Наполи 64, Фиорентина 52, Интер 50, Парма 47

Веста е прочитана 999 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.