МОМЧЕ БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ПОВРЕДИ ТРИ МЛАДИ ЛИЦА

6 April, 2014 - 16:29

Несреќата се случи синоќа, на булеварот „Партизанска“ во Скопје, спроти Хотел „Карпош“. Според полицијата, момче без возачка дозвола управувало нерегистрирано „Ауди ТТ“, удрило во паркирано возило, а потоа и во сендвичарницата „Вили“, односно се качи со возилото на автобуската постојка, повредувајќи две девојки и момче. Едната девојка со тешки повреди е задржана на интензивна нега, другата девојка е пуштена на домашно лекување, додека момчето е задржано во болница. Во „аудито“ имало уште едно 17-годишно момче. Полицијата го истражува случајот.

Веста е прочитана 113 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.