ГОДИНАВА ЌЕ ИМА ПОМАЛКУ КОЧАНСКИ ОРИЗ

6 April, 2014 - 17:10

Најголемата акумулација во источна Македонија е полна само 55 проценти или, во неа има 65 милиони кубни метри вода. Поради лошата состојба со водата, годинава ќе се сади помалку ориз во кочанско, виничко и штипското поле. Површините под ориз ќе се намалат за цели 35 проценти. Директорот на Водостопанство „Брегалница“, Зоран Беличев вели дека за разлика од минатата година кога обезбедиле вода за наводнување на 4200 хектари под ориз, оваа година можат да обезбедат вода само за 2.800 хектари. 

 

Оризопроизводителите од овој регион велат дека е подобро надлежните навреме да ги известат, отколку подоцна да трпат штети.

 

 

Источниот регион неколку години  има проблеми со сушата, раководството на Асоцијацијата на земјоделци ќе бара од ресорното Министерство и Владата да се градат мини акумулации, односно да се зафаќаат помалите реки за да може во текот на летната сезона од нив да се наводнуваат и по 10 хектари земјоделски површини. Доколку  не се подобри состојбата со Калиманци направен е и план. Предност за наводнување ќе имаат  овошните и лозовите насади. Земјоделците во текот на април и мај со надеж ќе гледаат кон небото, бидејќи од дождот ќе им зависи и дали ќе имаат добра жетва на лебното зрно и на останатите есенски житни култури.

Веста е прочитана 173 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.