ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН ПОБЕДИ ВО БАХРЕИН

6 April, 2014 - 18:44

Луис Хамилтон на Мерцедес победи на третата трка сезонава во Формула еден која се возеше за ГН на Бахреин, прв пат под рефлектори. Хамилтон до 24 победа во карерата дојде со време  1:39.42 пред клупскиот колега Нико Розберг и Серхио Перес од Форс Индија кој обезбеди место на подиумот како трет. Трката ја одбележа и инцидентот меѓу Малдонадо и Гутијерез, лошо мина возачот на Заубер , Гутијерез ,но за среќа од инцидентот се извлече без сериозни повреди. Во поредокот кај возачите по три трки лидер е Нико Розберг со 61 бод, Луис Хамилтон на втората позиција има 11 помалку.Мерцедес доминира по оваа еден -два победа во Бахреин, во поредокот кај конструкторите води со убедливи 111 бода пред Форс Индија кој има 44.  Следната трка на програмата  на 20 април за ГН на Кина во Шангај.

Веста е прочитана 121 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.