РЕЧИСИ Е НЕПОДВИЖНА, НО НЕ ДОБИВА ИНВАЛИДСКА ПЕНЗИЈА!

6 April, 2014 - 19:03

Нема инвалидска пензија за велешанката Рубинка Панова иако e речиси неподвижна поради вродената болест која ја има на колкот. После 13 операции и вграден вештачки колк и поткусена нога оваа самохрана мајка не може да добие помош од државата. Ги исполнува сите законски услови за пензија, но и покрај неколку обиди, лекарите секогаш проценувале дека е способна да работи. Таа пак вели не може ниту да се движи, а не пак да работи.
Панова единствено ветување за помош добива пред избори. Од фондот за здравство лани ја убедиле да гласа за актуелниот градоначалник како инвалидизирано лице, со ветување дека по изборите ќе и помогнат да дојде до помош. Но, по изборите решението повторно било негативно. Се чувствува изманипулирано и вели дека овој пат не ни помислува да гласа. Револтирана е што иднината на нејзините две ќерки, студентки,од кои едната е болна, зависи од луѓе кои во неа гледаат само глас за избори. Сега се чуди како ќе преживее.
Панова вели никогаш не би барала помош ако самата може да заработува. Очекува дека овој пат нејзините апели ќе допрат до надлежните институции и дека нема повторно да биде уценувана и изманипулирана.

Веста е прочитана 107 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.