EУ ЈА СУСПЕНДИРА ИЗГРАДБАТА НА „ЈУЖЕН ТЕК“?

7 April, 2014 - 08:51

ЕУ ја суспендира изградбата на гасоводот „Јужен тек“ на Балканот. Според американскиот амбасадор и поранешен пратеник за мегународни енергетски прашања Карлос Паскал, Брисел одлучил целосно да го сопре издавањето на дозволите потребни за изградба на гасоводот поради заострените руско - украински политички односи. Проектот сега е замрен и нема перспектива да оди напред, бидејки ниту една банка нема да одобри средства за изградба на гасоводот ако нема дозволи од ЕУ, рече Паскал на состанокот во Атланскиот совет каде ја претставуваше енергетската состојба во Европа по украинската криза

-Гасоводот „Јужен тек“ е многу важно прашање. Тој нема да донесе нови количества на гас во Европа, туку само ќе пренасочи гас кој сега минува низ Украина преку друг гасовод. За да може да се изгради тој гасовод и да профункционира, на „Гаспром“ и на неговите партнери им се потребни серија дозволи од ЕУ. Сега ЕУ соопшти дека го суспендира тој процес и наскоро нема да презема никакви активности. Во проектот се вклучени неколку компании со договори. Некои од нив јасно ставија на знаење дека ќе продолжат со изградбата само ако проектот има поддршка и овластувања од ЕУ. Во овие договори прецизно се предвидува, доколку проектот не е поддржан од ЕУ и заради тоа тие не можат да излезат на пазар или да добијат пари врз основа на проектот, тогаш можат да ги продадат акциите на „Гаспром “и да излезат од проектот, рече Паскал

Засега нема прецизен одговор дали и како ваквата одлука на Брисел ќе се одрази на Македонија која се надева дека ќе добие крак од клучниот гасовод од Србија или Бугарија. Од компанијата која заедно со „Гаспром“ треба да го гради кракот, Македонски енергетски ресурски, велат дека не добиле никакво известување во врска со суспензијата на проектот.

Нема најави за оспорување на изградбата на гасоводот. Техничките работи за гасоводот не се запрени, се` се одвива според предвидената динамика и термини, ни рече во телефонскиот разговор директорот Крсте Миладинов. Поради европската зависност од руските енергенси, Унијата ќе биде внимателна како ќе ги реши недоразбирањата со Русија.

Нејзиниот главен аргумент, според Карлос Паскал ке биде монополската позиција на „Газпром“ во Русија со која ке бара реципроцитетно отворање на пазарот пред да може оваа компанија да инвестира во Европа. Во отсуство на „Јужен тек“ кој треба да поминува под Црното Море низ Бугарија, Србија Хрватска, се` до Австрија, единствена можност за снабдување на Балканот со гас останува гасоводот „ТАП“ кој ќе донесе азербеџански гас преку Турција, Грција, Албанија и Јонското Море до Италија.

Со изградба на крак од ТАП до Бугарија, а понатаму на север според Паскал на Балканот ќе му се надомести. Штетата која ке ја претрпи од забраната на „Јужен тек“.

[b]Виолета Зајкова[/b]

Веста е прочитана 148 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.