ПОЕВТИНУВААТ МАЗУТОТ И НАФТАТА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА

7 April, 2014 - 12:17

Цените на бензините и дизелот во наредните две недели остануваат непроменети. Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ја намали цената на Екстра лесното масло за домаќинство за половина денар и на мазутот за 0,11 денари.

Цената на Еуросупер БС-98 изнесува 79,50 денари, на Еуросупер БС-95 е 78 денари, а на Еуродизелот 66 денари.

Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 54,50 денари, а на мазутот 40,0 денари за килограм.

Веста е прочитана 105 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.