ОРТОПЕД ДОБИ УСЛОВНА ЗАТВОРСКА КАЗНА ЗА ЛЕКАРСКА ГРЕШКА

7 April, 2014 - 14:39

Аризанкоски е специјалист ортопед и во моментов началник на ортопедското одделение. Од невладината организација РОМА С.О.С., која во името на семејството го водеше случајот низ правните лавиринти, велат конечно вистината излезе на виделина. „Виновен е прогласен еден лекар специјалист, иако обвинението, како што кажав, беше поведено против шест лекари специјалисти, останатите се ослободени со правосилната пресуда, тоа е лекарот којшто го прими“, изјави Благој Димовски, адвокат којшто го водеше случајот на малолетното момче. На семејството на Агуш, со судска пресуда прилепската болница треба до крајот на годинава да им исплати отштета во висина од 2.7 милиони денари. „Да го родиш право и здраво, а да го гледаш цел живот без рака. Никој не водел сметка“, вели Мазес Салиоска, мајката на Агуш. Oва не е единствен случај на несоодветен третман на пациенти од ромска националност во здравствените институции во државата, велат од невладината организација. „Има два случаи коишто се во Битола. Во едниот станува збор за смрт на родилка под сомнителни околности за време на породување, а додека другиот е смрт на новороденче, два дена по неговот раѓање, исто така под сомнителни околности. Четвртиот случај е во Делчево, каде што 63 - годишна Ромка, исто така при пад на скали, се здобива со скрешеница којашто е несоодветно третирана од страна на ортопедите во болницата во Кочани“, вели Тања Тренкоска, правен советник на невладината РОМА С.О.С. Оваа невладина организација апелира до сите здравствени институции во државата да посветуваат соодветно внимание на пациентите од ромска националност кои се обраќаат за помош, бидејќи на оваа маргинализирана група во општетството и е потребна поддршка како превенција за добро здравје. [img]http://telma.com.mk/sites/default/files/prilep_romi_advokati_pres414.jpg... „Најчестите прекршувања коишто се идентификувани се однесуваат на ограничениот пристап на информации и некоректниот однос на здравствените работници кон ромската заедница, којшто всушност, се заснова на стереотипите и предрасудите кон ромската заедница базирано на нивото на образование и на припадноста на социјално-економско потекло и етничка припадност“, вели Несиме Салиоска од РОМА С.О.С. Инаку, невладината РОМА С.О.С. покрена постапка пред судските инстанци да се обезбеди и доживотна финансиска помош за малолетниот Агуш, кој поради лекарска грешка се здоби со траен инвалидитет и не може сам да се грижи за себе. [b]Моника Талеска[/b]

Веста е прочитана 139 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.