ФУДБАЛ

ЈУВЕНТУС И МИЛАН СО ПОБЕДИ ГО ЗАТВОРИЈА 32.КОЛО

8 April, 2014 - 08:55

На последните два натпревара од 32.коло од Серија А одиграни синоќа победи постигнаа Јувентус и Милан.

Лидерот на табелата и шампион на Италија, Јувентус го победи Ливорно со 2:0. Стрелец на двата гола беше Фернандо Љоренте во 32 и 35.минута.

Трета победа по ред остварија и фудбалерите на Милан. Тие на гостувањето кај Џенова славеа со 2:1. Првиот гол за Милан го постигна Адел Тарабт во 20.минута. Истиот фудбалер асистираше за водството од 2:0 и голот на Кеисуке Хонда. Конечните 1:2 ги постави голманот на Милан, Кристијан Абиати со автоголот во 73.минута.

Јувентус го задржа првото место со 84 бодови, осум повеќе од од втората Рома. Милан со 45 бодови е на 11.место, додека Џенова со 39 бодови е на 13.место. Ливорно е и натаму во зоната за испаѓање со 25 бодови е на 18.место.

Веста е прочитана 989 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.