ЖИТЕЛИ НА ГОРЧЕ ПЕТРОВ НЕ ГИ ДАВААТ СВОИТЕ КУЌИ

8 April, 2014 - 15:58

Претставници на 29 семејства од Реонски парк во Ѓорче Петров, денеска со мирен протест пред општината му соопштија на градончалникот, Сокол Митревски дека не сакааат измени во деталниот урбанистички план со кои нивните домови ќе се уриваат. Велат, „живееме на простор каде треба да има парк, а ние и нашите предци изминатите сто години живееме во наши домови“.

Понудените средства од експропријацијата ќе ги одбијат, останувајќи на првичното барање, две станбени згради и станови за сите, во спротивно ќе постават шатори пред општината.

Од општината денеска одбија да се соочат со жителите и испратија писмено соопштение во кое се вели дека во оваа фаза од носењето на дупот не се можни никакви преговарања и договарања освен предлози, мислења и забелешки на адреса на стручната комисија за урбанизам при општината. Гледаат политика во протестот и сметаат дека некои политички партии се навикнати да предизвикуваат проблеми токму во предизборието за некој глас повеќе. Тврдат дека општината е отворена за секаков дијалог, на што жителите остро реагираа.

Доколку општина Ѓорче Петров не ги вметне забелешките во измените на деталниот рубанистички план најавија блокирање на главните крстосници и порадикални протести.

Веста е прочитана 79 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.