ТАТКО СИ ГО УБИ СИНОТ НА СПИЕЊЕ

9 April, 2014 - 12:21

Татко уби син во кочанското село Спанчево. Според исказот на 59 годишниот татко Д.М. кој утринава се пријавил во кочанската полициска станица, убиството го сторил околу 22.30 часот, по претходна расправија со неговиот син 37 годишниот Драганчо М. во нивната семејна куќа. Го удрил со секира по главата.

Портпарлото на СВР Штип, Годрана Панјатова вели дека 37 - годишниот Драганчо починал на лице место, а неговото тело е предадено на обдукација. Соседите велат дека станува збор за мирно семејство, кое егзистенцијата ја обезбедува од земјоделство. Во рок од два месеца ова е второ убиство во селото Спанчево.  

Викторија Јованова

Веста е прочитана 110 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.