ДОАЃА ДОЖД, ВИКЕНДОВ УТРИНСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ ОКОЛУ НУЛА

9 April, 2014 - 13:23

За денеска  попладне и во текот на ноќта најавуваат променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови. Ќе дува умерен, а во попладневните и ноќните часови засилен северозападен ветер (повремено над 70 км/час), кој ќе услови на повисоките планини повремени локални врнежи од снег. Максималната температура ќе се движи од 17 до 23 степени, а кон крајот на денот позначително ќе опадне.

И утре претпладне ќе дува умерен до засилен северен ветер, ќе има и повремени локални врнежи од дожд, а на планините слаб снег. Во петок ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините со повремен снег. Дневните температури ќе се движат од осум до 16 степени, а од петок до недела утринските температури на места се очекува да бидат околу нула. 

Веста е прочитана 110 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.