ПРОТЕСТ СО БАРАЊЕ ЗА СЛОБОДА НА САВЕВ, ОСУДЕН ЗА ПЕДОФИЛИЈА

9 April, 2014 - 14:30

Околу сто жители на кочанското село Зрновци денеска протестираа пред штипскиот Апелациски суд, барајќи да се повтори судската постапка за  Зоран Савев,   кој е осуден на 11 години затвор за полов напад на малолетник. Сметаат дека  бил осуден за дело кое не го сторил, а судската власт одлуката ја донелa врз основа на исказ на жртвата и психолог не  земајќи ги предвид сведоците на веќе осудениот Савев и вештачењето од референтната државна институција.  

 

-Не е направено судско вештачење од референтна институција, туку се има обавено разговор со психолог, а тоа мислење само е потврдено од психијатар во Кочани. Чесен суде искрено се надеваме дека нашата молба ќе биде уважена и дека ќе се оствари обновување на судската постапка, а со тоа ќе му се овозможи на осудениот да му се оствари неговото човеково право. Лицето Зоран Савев е осуден само под сомнение, а тоа е изнесено после три години. Човекот е осуден за полов напад што се случил пред три години од денот на поднесување на тужбата, тоа е преседан што никаде во светот го нема. Нарушено му е основното минимално човеково право, односно, прекршен е членот 6, точка 3, став Г, од Европската конвенција за човекови права. Тој бара бара полиграфско вештачење.  

 

Околу 500 жители од општината Зрновци се потпишале за повторување на судската постапка.

Лилјана Јовчевска вели дека во средината во која што живееше Зоран Савев и работеше важи за чесен и почитуван човек. Савев беше претседавач на Советот на Општина Зрновци, значи почитуван од луѓето, сакан и ценет човек, без трошка да има сомнение за некакво негово дело, вели таа.

Семејството и пријателите на Савев велат дека правадата ќе ја бараат и пред судот во Стразбур. 

Викторија Јованова

 

Веста е прочитана 123 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.