ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ШТРАЈК ВО „МАКЕДОНИЈА ПАТ“

9 April, 2014 - 16:04

Со мирен и предупредувачки штрајк во скопската подружница, вработените во „Македонија пат“ порачаа дека повеќе нема да молчат и да молат за своите плати и придонеси. Како што велат, немаат земено две плати и седум теренски додатоци, што пресметано, изнесува повеќе од 100.000 денари по вработен.

 

-Одиме на терен без пари, само ние знаеме како се снаоѓаме, велат тие.

 

-Дадените работни обврски  ги завршуваат навреме за да нема проблеми на патиштата, а тоа никој не го цени, се жалат разочарано вработените. 

 

Се заканија дека доколку платите и придонесите не ги добијат во најбрз можен рок ќе стапат во генерален  штрајк.

 

Раководството на „Македонија пат“ потврди дека се доцни со исплата на платите и теренските надоместоци. Проблемот, според нив, произлегува од неисплатените обврски што ги има Агенцијата за државни патишта кон претпријатието. 

 

Директорот на „Македонија пат“ Гајур Кадриу вели дека ако работниците на претпријатието излезат на штрајк и тој ќе ги подржи и ќе излезе со нив.

 

Од Агенцијата за државни патишта повеќе информации за целиот пробем најавија за утре. Ова не е прв пат вработените да бидат оставени без плати и придонеси. Тоа се случуваше и  текот на 2011 и 2012 година кога вработените беа принудени преку штрајкови и протести да си ги бараат своите заработени пари.

 

Веста е прочитана 133 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.