ПРОЦЕС „ПРЕТСЕДАВАЧ“ - ДОВЕРИТЕЛИТЕ БИЛЕ ЗАШТИТЕНИ

10 April, 2014 - 15:13

 Работев од утро до мрак, одржувавме и по десет состаноци на Управниот одбор во еден месец за да ги исплатиме долговите кон доверителите и Управата за јавни приходи, а поради мојата напорна работа ја добивав довербата од луѓето во „Машинопромет“. Со овие зборови четврто обвинетиот во случајот „Претседавач“, Ванчо Димитровски и` се обрати на судијката која на денешното рочиште му поставуваше низа прашања поврзани со одлуките за продажба на движен имот на друштвото, што ги носеле Управниот одбор и тој како негов претседател.

 

Одбраната ги негира обвинувањата  дека учествувал во незаконско  оттуѓувањето на имот од „Машинопромет“ за кој имало судска времена мерка, со што, наводно, УЈП е оштетена за 270 илјади евра . И тогаш, и сега, со хипотеката врз имотот на фирмата, сите доверители, па и УЈП се заштитени.

 

- Постоеше едно решение со кое што беше забрането отугување на стока, но потоа беше укината таквата забрана за отуѓување на предмети од магацинот, вели Зиков.

 

Димитровски  уште еднаш повтори дека за да  има фер судење  неопходно е да се пронајде украдената архива од фирмата, во која се сите докази за неговото законско работење. Со ова заврши сослушувањето на четврто обвинетиот, од случајот  претседавач во кој првообвинет е претседателот на Советот на  Центар, Мирослав Шиповиќ.  Процесот продолжува со исказ на претседателката на Надзорниот одбор, Вера Видиковска.

Билјана Николовска

Веста е прочитана 91 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.