ИНВЕСТИТОРИТЕ СЕ КАКО СРНИ, БЕГААТ НА ПРВИОТ ШУМ!

10 April, 2014 - 15:49

-Капиталот е како срна, на првиот шум знае да избега, им порача на бизнисмените Мартин Кнап, директорна Стопанската комора на Германија, предупредувајќи на таков начин на можноста странските инвеститори капиталот да го преселат во друга земја.

Анкетата спорведена мегу 43 компании со германски или мешовит капитал покажува дека бизнисмените се незадоволни од платежната дисциплина, правната сигурност, пристапот до финансиите од ЕУ, ефикасноста на јавната администрација и транспарентноста на јавните набавки. 

 

За да се привлечат нови инвеститори во Македонија и да се изградат стабилни деловни врски, според Кнап, мора да постои правна сигурност и зголемена дисциплина во плакањето.

 

-Според нашата анкета може да се заклучи дека имиџот на фирмите кои се наогаат во Македонија е добар, но имиџот на самата држава во однос на другите треба значително да се подобри. Владата треба да работи на подобрување на состојбата затоа што се гледа дека оценките се лоши таму каде државата има поголемо влијание. Работата на администрацијата е полоша од лани, таму се регистрирани послаби резултати. Би било пожелно условите за стопанството да се подобрат и да се подобри крајната оценка 

 

Иако генералната оценка за економската состојба во земјата е оценета како попозитивна во споредба со претходните години, за 24  проценти од анкетираните компании условите за бизнис се лоши. Ситуацијата во компанијата е добра за 36 отсто од испитаниците, 52 проценти сметаат дека е просечна, а 12 отсто велат дека се наоѓаат во лоша економска ситуација. 

 

Германските бизнисмени се задоволни од трошоците на трудот, квалификациите и продуктивноста на македонските работници. Од таму се и нивните очекувања да го зголемат бројот на вработени во текот на годинава, но затоа ќе ги намалат трошоиците за инвестирање. Во однос на 19 земји од Европа,  Македонија е на 14 место по атрактивност за германските бизнисмени. Попривлечни земји од неа се Србија, Полска, Чешка, Словенија, Хрватска и Романија, а помалку атрактивни се Бугарија, Црна Гора, Косово и Албанија.

Веста е прочитана 154 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.