УКРАИНСКИ „НАФТОГАС“ ЈА ПРЕКИНА ИСПЛАТАТА НА РУСКИОТ ГАС

12 April, 2014 - 13:00

 Украинската државна енергетска компанија „Нафтогас“ ја прекина исплатата на гас од Русија се додека завршат преговорите меѓу двете страни за цената на ова гориво, изјави генералниот директор на компанијата Андриј Коболев. 

Рускиот гасов гигант „Гаспром“ претходно овој месец двојно ја зголеми цената на гасот за украинските потрошувачи од 268 на 485 долари за 1.000 метра кубни, нагласувајќи дека Киев не може повеќе да има корист од претходните повластици.

- Не гледаме причина за промена на цената. Сметаме дека цена од околу 500 долари е непазарна, неправедна и неприфатлива. Поради тоа ја прекинуваме исплатата во периодот на преговори, истакна Коболев. 

Веста е прочитана 89 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.