ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ ЗАЈАС

12 April, 2014 - 15:34

Утрово околу 09,00 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај местото викано Сатеска, атар на село Зајас, се случи сообраќајна несреќа во која возило “Рено лагуна” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(59) излетало од патот и се превртело.

 

Во сообраќајката на лице место починала сопатничката Младица С.(80) од Скопје, со тешки телесни повреди се здобило лицето кое го управувало возилото додека со телесни повреди се здобила третата сопатничка В.К.(53) од Скопје, соопшти МВР. Од СВР Охрид велат дека ќе се направи технички преглед на возилото за да се утврди што била причината за несреќата.

Веста е прочитана 137 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.