ГЛАСААТ БОЛНИТЕ, ИЗНЕМОШТЕНИТЕ, ЗАТВОРЕНИЦИТЕ

12 April, 2014 - 15:37

Анастасија Костова (82) е меѓу првите жители на Скопје што гласаше во првиот круг од претседателските избори.Таа утринава го оствари своето право на глас во нејзиниот дом во скопската населба Црниче. И покрај тоа што се работи за слепо лице во поодминати години, баба Анастасија вели дека со внимание ги слушала претседателските кандидати.На идниот претседател на државата му порача да работи чесно и да им помага на младите бидејќи на тој начин државата ќе има перспективна иднина.

 

-Државата треба да се води како и едно домаќинство, чесно и одговорно, и во прв план да бидат младите, ни рече Костова.

 

Денеска покрај болните и изнемоштени лица право на глас имаат и раселените лица и лицата кои што издржуваат казна затвор или притвор.Уште од раните утрински часови изборниот процес се спроведува и во казнено поправниот дом Идризово, изјави Сања Митиевска –претседател на Избирачки одбор бр. 2536.

 

Гласањето, но и целиот изборен процес се набљудувани и од ОБСЕ и ОДИХР, како и од домашните набљудувачи. Од вкупниот број лица кои издржуваат казна затвор во Идризово право на глас имаат 737 лица, ни изјави Живко Пејковски-директор на КПД „Идризово“. 

 

Непоседување на исправни документи за лична документација е главно

причината заради која речиси двојно помалку лица во казнено поправните домови го остваруваат своето право на глас. 

 

Од Основен суд - Скопје 1 на барање на ДИК е издаде согласност за спроведување на гласање на лица за кои судот има одредено мерка домашен притвор. Заклучно со 20 март кога бил доставен списокот , 96 граѓани се во куќен притвор, велат од Основиот суд Скопје 1. Гласањето завршува точно во 19 часот.

 

Веста е прочитана 78 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.