ЗА ПРВПАТ СЕ ГЛАСАШЕ ВО ЗАТВОРОТ ВО КШАЊЕ

12 April, 2014 - 15:43

За првпат во општина Куманово, на ден пред изборите, гласаат затворениците од новиот  затвор во селото Кшање. Гласањето тече во најдобар ред, велат од општинската Изборна комисија откако го посетиле затворот. Половина од затворениците го оствариле правото на глас до десет часот претпладне.

 

Виолета Алексовска, претседател на ОИК Куманово вели дека во 2014 година за претседателските и предвремените парламентарни избори се укинува гласањето за раселени лица,а дека за првпат се гласа во затворот Кшање каде што имаше пријавено 110 лица со право на глас. До десет часот имавме информација дека имаат гласано околу 50 проценти, рече Алексовкса.

 

Од вкупно 243 пријавени болни и изнемоштени лица одобрено  е гласање на 215 лица. Одбиени се 29 лица затоа што немале доставено соодветна здравствена документација. Денешното гласање го споведоа  81 избирачки одбор. Во овој изборен процес за првпат по 13 години нема да  гласаат лицата со статус на времено раселени од липковскиот регон. Ќе гласаат утре зависно од сегашното место на живеење. Во оштина Куманово има вкупно запишани  85.203 гласачи во избирачкиот список, а уште 5092 лица се евидентирани да гласаат од дијаспората.

Фросина Лазаревска

Веста е прочитана 119 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.