НЕ ГЛАСАШЕ НАJCTAPATA ЖEHA BO ШTИПCKO КОЈА ИМА 104 ГОДИНИ

12 April, 2014 - 15:51

Надица Стојанова (70) од Штип, и покрај тоа што има здравствени проблеми, на секои избори  го користи своето право на глас. По вторпат гласа во својот дом, како болно и изнемоштено лице. Смета дека на овој начин придонесува за својата земја. Вели дека секој треба да го искористи своето право на глас и на тој начин да даде придонес за добро на својата земја.

 

Во Штип денеска гласаат 86 болни и изнемоштени лица и покрај тоа што во општинската изборна комсија се пријавиле 255 лица, сепак, Државната изборна комисија одбила  169 барања, поради некомплетна медицинска документација. Избирачките одбори кои денеска беа на терен поради помалиот број на болни и изнемоштени лица имаа и помалку работа.

 

Гласаат и затворениците во Затвор Штип,а на избирачкиот список со право на глас се 164 осуденици. До попладневните часови имало 55 процентна излезност на избирачкото место. Но, и како на изминатите избори, забележано е дека има затвореници кои не се впишани во избирачкиот список.

 

Влатко Конев, заменик претседател на избирачко место во Затвор-Штип вели дека се пријавени 26 лица кои не се на избирачкиот список и дека тоа е евидентирано и од Комисијата и од набљудувачите на МОСТ. 

 

Најстарата жителка во штипскиот регион Фатиме Асан (104) од селото Селце која, пред два дена доби лична карта не може да гласа на овие избори, бидејќи оваа над стогодишна старица по неколку децении ги обновува своите документи и ја нема во избирачкиот список. Но на следните избори вели дека, доколку биде жива и здрава, ќе си гласа во селото.

Викторија Јованова

Веста е прочитана 117 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.