ИАКО Е МОЛК, ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ ВО НАСЕЛБАТА АЕРОДРОМ!

12 April, 2014 - 16:00

Нокеска активисти на една политичка партија го излепија поголемиот дел од празните површини во населбата Аеродром со плакати на лидер на партија и кандидат за престедател.Плакатите осамнаа на трафостаници,бетонски столбови и огради на градежни објекти но, заради молкот ТЕЛМА не може да ги покаже јасно плакатите.Секој изборен циклус оваа но, и другите општини во градот се излепуваат со изборен материјал во Очи на одржување на изборите со Што се крши изборниот молк.Тие остануваат залепени на овие места со години, а ниту една партија досега не одговарала за прекршувања на изборни правила иако е јасно дека многу лесно може да се открие која партија го нарачала печатењето и чиви активисти ги залепиле плакатите.

Веста е прочитана 75 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.