ЗА ТУТУНОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НЕПРИФАТЛИВИ ПРЕПОРАКИТЕ НА СЗО

12 April, 2014 - 16:38

Сојузот на тутунски здруженија на Македонија бара од државата да не се прифатат мерките на Светската здравствена организација кои се однесуваат на намалување на обемот на тутунопроизводството. Македонија е рурална земја, и илјадници семејства опстануваат само од одгледување на оваа култура, која стотици години успешно вирее во овие климатско-почвени услови.

 

Рамковната ковенција за редуцирање на тутунопроизводствоот во светот,Македонија ја има ратификувано од 2006 година,  како што велат претставниците на науката, без да се направи анализа какви ќе бидат консеквенците од нејзината примена. Затоа ставот на експертите од Земјоделски факултет од Скопје е државата да отстапи од примената на спорните два члена 17 и 18 од конвенцијата, во кои се бара постепено намалување на тутунопроизводството и негова замена со други култури.

 

Според Институтот за тутун, ориенталските тутуни опфаќаат околу 80 проценти од вкупното тутунопроизводство во државата.А, најголем дел од производството на овој ситнолистен тутун се реализира во руралните сушни региони и нема алтернатива за оваа култура.

 

 И Сојузот и претставниците на науката во државава, апелираат до СЗО да се задржи досегашниот обем на тутунопроизводство,зашто невработеноста ќе добие енормни граници, ќе се предивикаат социјални немири, ќе се стимулираат

демографски движења, миграција и иселување во странство на цели семејства.

Моника Талеска

Веста е прочитана 90 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.