ДИПЛОМАТА ВО ВТОР ПЛАН, ПРАКТИЧНОТО ИСКУСТВО Е НАЈВАЖНО

12 April, 2014 - 17:01

Работните вештини и знаења што ги имаат младите, здобиени преку формалното образование, не одговараат на барањата на пазарот на трудот во земјата, велат од Институтот за развој на заедниците. Обуките за стекнување работни вештини се добар  начин за надминување на ваквите недостатоци. Бидејќи не се дел од образованието во македонските универзитети и средните училишта, се` повеќе се барани кај работодавачите. На обуката организирана од Институтот за развоја на зедниците, 30 млади лица од десет земји од Европа се стекнуваа со знаења од областа на математиката, физиката, комуникологијата. Државата но, и локалните самоуправи, треба да посветат поголемо внимание во неформалното образование, велат организаторите. 

 

Потенцијалите на неформалното образование за ублажување на тешките последици од невработеноста се навистина големи и тие треба да се искористат. Павло Јаблонски Гарсиа од Шпанија учесник на денешната обука, вели дека вештините стекнати надвор од универзитетите, шпанците се почeсто ги користат за да најдат работа. 

  

-Неформалното образование е поврзано се реалноста, со она што го бара пазарот на трудот. Знаете дека невработеноста е огромна во Шпанија. Голем дел од шпанците преку ваквите вештини, освен на домашниот пазар наоѓаат работа и во останатите европски земји, вели Гарсиа.   

 

Слична е состојбата во Србија, каде без трениг обука за соодветна област, многу е потешко младите да се вработат во одредени компании. Весна Савиќ, учесник во обуката вели дека во Србија многу странски и домашни компании бараат завршени курсеви од соодветни обуки . Ако во вашата биографија имате диплома од некое неформално образование, или пак препорака, имате поголеми шанси да се вработите, вели Савиќ.

Невработеноста во Македонија добива димензии на првокласен социоекономски проблем, што ги погодува во прв ред, младите на возраст од 20 –30 години. Подолготрајното чекање за вработување на голем број млади лица крие во себе голема опасност za стабилноста на земјата, што се констатира и во најновата студија на Институтот за  социолошки и политичко – правни истражувања од Скопје.

Зоран Димовски

Веста е прочитана 92 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.