ОДБОЈКА

СТРУМИЦА И ФОРЦА ВОЛЕЈ ПОБЕДНИЦИ ВО КУПОТ

12 April, 2014 - 20:54

Одбојкарките на Форца Волеј од Скопје и одбојкарите на Струмица се победници на Купот, откако двете екипи беа поуспешни од своите ривали во денешните финални средби одиграни во Пробиштип.

Форца Волеј го совлада Јанта Волеј со 3-0 во сетови 26:24, 25:20 и 26:24.

Младите одбојкарки на Јанта Волеј пружија силен отпор и беа за малку не успеаја да освојат барем еден сет.

За Форца Волеј ова е шести трофеј од националниот куп.

Струмица во машкото финале беше поуспешна од Пробиштип со 3:0.

Домашните најблиску до освојување на сет беа во вториот кој го загубија со 23:25, иако во неколку наврати имаа три поени предност, а водеа и со 22:19. Првиот сет струмичани го добија со 25:18, а во третиот резултатот беше 25:20

Веста е прочитана 123 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.