ДОБАР ПОЧЕТОК НА ГЛАСАЊЕТО ВО БИТОЛА

13 April, 2014 - 09:16

Навреме и без проблеми утрово во 7 часот отворени се сите 170 избирачки места во општина Битола, каде право на глас имаат 82.588 гласачи  на претседателските избори во државата,  кои   имаат можност да гласаат за еден од 4 кандидати за претседател

 

-Денеска во 7 часот сите избирачки места се отвори и подговтвени да ги примат гласачите. Вчера гласаа болните и немоќните лица и затворениците во битолскиот затвор. Од 172 поднесени пријави за гласање на болни лица, 7 се одбиени, 5 се двапти поднесени и 11 не гласале, однсоно вкупно 149 болни и немоќни лица гласаа вчера. Од 48 затвреници, вчера гласаа 43, изјави  Зоран Насев, претседател на ОИК- Битола  

 

И од избирачките одбори потрвдуваат дека засега нема проблеми на избирачките места. 

 

-Гласачкото место е отворено точно навреме во 7 часот, гласачите ја знаат процедурата за гласање, немаме никакви проблеми до сега, изјави   Митко Јаневски, претседател  на ИО 80- Битола

 

До општинската изборна комисија  во Битола до сега не пристигнале информации за прекршување на изборниот молк или други нерегуларности.

Емилија Мисирлиевска

Веста е прочитана 68 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.