ГЛАСАЊЕТО ВО ЦЕНТАР ЗАПОЧНА НАВРЕМЕ

13 April, 2014 - 09:33

Во општина Центар на гласачките места во детската градинка „8 март“ гласањето започна навреме и без проблеми. И во други гласачки места гласањето започна навреме и не се пријавени проблеми. Така велат во избирачките одбори и нагласуваат дека традиционално, овде нема проблеми кога изборите се во прашање.Граѓаните кои побрзаа уште во 7 часот да гласаат велат дека сакаат да го исполнат своето гласачко право и потоа да се посветат на секојдневните работи.

Дарко Чекеровски

Веста е прочитана 100 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.