ГЛАСАЊЕ ВО БУТЕЛ И ШУРО ОРИЗАРИ - ВО ЧАИР ОДЗИВОТ ПОМАЛ

13 April, 2014 - 09:44

Гласањето во општината Чаир започна навреме, навреме беа отворени и гласачките емста во ОУ „Ацо Шопов“. Просториите биле отворени во 6 часот за да се направат сите подготовки за старт на гласањето во 7 часот, велат во избирачките одбори. 

-Во 7.05 часот ги имавме првите гласачи.

 Гласачите веруваат дека гласањето ќе биде демократско и фер и дека до израз ќе дојде волјата на избирачите.

 И набљудувачите се на своите места, велат во избирачките одбори.

Во Шуто Оризари гласањето почна навреме. Но неколку гласачи  се жалат дека ги нема на списокот, а на претходните избори, како што нагласуваат, биле на списоците.

Во Чаир одзивот е помал, барем во првите утрински часови. Така, мирно, беше и во ОУ во Чаир.

 

Веста е прочитана 99 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.